Музички времеплов: Која песна од Мадона има најмногу прегледи на Јутјуб?

Музички времеплов: Која песна од Мадона има најмногу прегледи на Јутјуб?

Објавена во: Stars // Музика

Деновиве во центарот на вниманието е кралицата на попот, Мадона. Пејачката секој ден е се поактивна на ТикТок, а поради изгледот на видеата која ги објавува, сите почнаа да ја критикуваат дека користи премногу фотошоп и филтри. Таа, реши на сите да им ги затвори устите и сподели видео на кое нема ниту грам шминка и кое е без никакви ефекти.

Со ова ги шокираше сите, но иако е среде „скандал“, сепак на крајот од денот сите ги слушаат нејзините песни. Сте се запрашале ли која нејзина песна има најмногу прегледи на Јутјуб?

Доколку одговорот е да, а ве мрзело да проверите, ние го направивме тоа. Според бројките, најмногу прегледи на Јујтуб има „La Isla Bonita“. Кралицата на попот на оваа песна има соберено дури 647 милиони прегледи.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: