Музички времеплов: Констракта во сосема поинакво издание се бореше за песна на Евровизија и пред 13 години
Констракта пред 13 години имала сосема друг стил, и музички и моден.
Констракта или Ана Ѓуриќ со нејзината песна „In corpore sano“ е апсолутната победничка на „Песна за Евровизија 2022“ во Србија.
Констракта ќе ја претставува Србија во Торино на 66-тото издание на Евровизија, а иако на почетокот не важеше за фаворит, по настапот во првата полуфинална вечер од натпреварувањето успеа да ја освои публиката и за многу кратко време да се најде на првото место на трендинг на Јутјуб.
Но, ова не е првпат Констракта да се обиде да биде српски претставник на Евровизија, а на тогашната Беовизија се претстави во многу поинакво издание од ова сега!
Во далечната 2009 година, Констракта со својот тогашен бенд „Земља грува“ настапуваше на тогашната Беовизија. Тие се претставија со песната „Свеједно је“, а таа година Марко Кон беше одбран да ја претставува Србија на Евровизија.
Констракта физички не изгледа многу поинаку, но промената во нејзиниот стил е очигледна. Тогаш настапуваше во син фустан и во високи потпетици, а друштво на сцената ѝ правеше, секако, нејзината колешка од „Земља грува“, Зое Кида, која исто така се натпреваруваше на овогодинешниот фестивал со песната „Бејби“.
Како тоа изгледаше во 2009 година, погледнете во продолжние:
фото: Принтскрин / Јујтуб