Музички времеплов: Македонската Карлеуша - ве потсетуваме на моментот кога Марјана Станојковска пееше песна од Јелена
Таа е македонската Јелена Карлеуша...
Денес е позната водителка, а јавноста Марјана Станојковска особено ја забележа во естрадниот магазин „Бекстејџ“, кој ѝ беше отскочна даска во водителските води. Со текот на годините таа сè подлабоко навлегуваше во светот на познататите, па со оглед на нејзината популарност сè почесто се појавуваше и како гостинка во многу емисии.
Една од нив беше и емисијата „Хит парада“, која пред повеќе од 10 години се емитуваше на ТВ Сител. Во оваа емисија познатите имитираа други познати личности, а на Марјана ѝ ја доделија улогата на српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша.
Русокосата водителка, тогаш освен што физички ја измитира спрската дива, ја отпеа и нејзината песна „Иде маца око тебе“, а доколку не се сеќавате на нејзиниот настап, видеото во продолжение ќе ви ја освежи меморијата.
фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм