Музички времеплов: На денот кога стапија во брак, Карлеуша на Душко му ја испеа најпознатата македонска народна песна
Изведба од која сигурно ќе се наежите...
Иако сега решија да стават крај на нивниот брак, љубовта помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ не може да се оспори.
На денот на нивната свадба - 28 јуни 2008 година, кога пејачката била бремена со нивната прва ќерка - Атина, ништо не ја спречило на својот сопруг да му ја исполни една од најголемите желби.
Имено, Карлеуша на тој ден, му ја испеала една од најпознатите македонски народни песни - „Зајди, зајди“, додека нејзиниот сопруг во тоа време на колена стоел пред неа и уживал во нејзината изведба.
Како звучело и изгледало сето тоа, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм