Музички времеплов: Најнезаборавните настапи на полувремето во историјата на „СуперБоул“
Кога станува збор за шоуто на полувремето на „СуперБоул“, понекогаш самото тоа шоу на полувремето е поочекувано и позборувано од вистинската игра.
Оваа година некои од најголемите имиња на настапија на најголемата сцена во светот. Поставата ги вклучуваше Др. Дре, Еминем, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар, како и Фифти Сент.
Нема сомнежи дека нивните настапи долго ќе се паметат, но ние се навраќаме малку наназад, да видиме што е тоа што го одбележало ова шоу на полувремето на „СуперБоул“.
Од дефекти во гардеробата и некоординирани танчерки облечени како ајкули до суперѕвезди кои скокаат од покривот и изненадни појавувања на славни личности, многу работи можат да паднат во кратката пауза помеѓу полувремињата. Во ова значајно шоу, дури се случи и мајката природа да му додаде соодветен амбиент на изведувачот.
Минатата година, The Weeknd настапи пред најмалата публика во историјата на играта - само 22.000 фанови поради пандемијата со ковид.
А ова се некои од најнезаборавните настапи на полувремето во историјата на Супер Боул:
-Шоуто на Мајкл Џексон од 1993 година го менува полувремето засекогаш
-Принц ја пее „Purple Rain“ додека се случува буквално дождовна бура
-Проблем со гардеробата на Џенет Џексон
-„Левата“ ајкула и го украде шоуто на Кети Пери
-Бијонсе и Бруно Марс го срушија настапот на Колдплеј
-Лејди Гага скокна од покривот