Музички времеплов: Најпознатата песна од Заз поради која сите сакаме да научиме француски јазик

Музички времеплов: Најпознатата песна од Заз поради која сите сакаме да научиме француски јазик

Објавена во: Stars // Музика

Заз беше вистинско откритие на музичката сцена, и ако еднаш го слушнете нејзиниот глас, ќе посакате со часови да ја слушате макар и да не знаете ниту еден збор на француски.

Изабел Жефроа (родена на 1 мај 1980 во Тур, Франција), попозната по прекарот Заз (Zaz), е француска пејачка која комбинира повеќе џез стилови, француско вариете, соул и акустика. Таа е позната по нејзиниот прв хит „Je veux“, од нејзиниот прв албум Zaz, издаден на 10 мај 2010.

Истата година,ѓ француското списание Телеграма објави: „Пораснаа гласините во последниве недели: Заз е свет глас и таа ќе биде откритие на летото!“. 

Песната „Je veux“ се стекна со невиден успех од светски размери а Заз беше прогласена за француски уметник кој најмногу е слушан во странство во 2010 година. Според анкетата објавена од страна на L'Internaute, Zaz беше најпопуларниот француски пејач во 2010 година.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: