Музички времеплов: Настапот на Гоца Тржан и Тоше Проески на кој ја испеаја „1200 милји“ во живо
Познатата српска пејачка Гоца Тржан деновиве е актуелно во медиумите, откако зборуваше за приватниот живот и откри детали поврзани со нејзината ќерка Лена и сопруг Радомир Раша Новаковиќ.
За нејзиниот приватен живот е заинтересирана и македонската јавност, а за тоа најголема заслуга можеме да кажеме дека ја има дуетот кој таа го сними со нашиот Тоше Проески. Имено, во 2001 година, таа и Тоше ја снимија „1200 милји“, која освен македонска, има и српска верзија.
Оваа песна воедно беше карта и за двајцата пејачи да се промовираат во Македонија и Србија. Иако оваа беше забележа неверојатен успех, беше дури прогласена и за хит на летото во 2001 година, Тоше и Гоца, спречени од работните обврски ретко ја изведуваа заедно во живо.
Еден од ретките моменти кога оваа песна обожавателите можеа да ја слушнат во живо беше во 2003 година, по повод 100 години Илинден, кога Тоше имаше концерт, а Гоца му беше гостинка.
Како звучи оваа песна во живо слушнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Јутјуб