Музички времеплов: Песни од Даниел Кајмакоски кои имаат најмногу прегледи на Јутјуб

Музички времеплов: Песни од Даниел Кајмакоски кои имаат најмногу прегледи на Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

На второто место по број на прегледи се најде неговиот настап од Х-фактор...

Даниел Кајмакоски на своја 7 година заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Има учествувано во повеќе музички шоуа. Првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12. Најголем успех има има постигнато во регионалното шоу X Factor Adria. Во 2009 година, за првпат настапува во Македонија, на Охрид Фест со неговата сопствено искомпонирана и напишана песна ’’Нежна ко принцеза’’, со која сепак повторно не бил забележан. Исто така Даниел има учествувано и во Бугарско шоу, „Пеј С’мен“.

Токму по првиот негов настап на X Factor Adria остана забележан и запаметен. Oдносно во 2013, на сцената на Х Фактор се појави со песната Red од Daniel Merriweather, со која успеа да го привлече вниманието на публиката и гледачите.

По завршувањето на Х-фактор, првата песна која ја објави Македонецот кој го освои регионот е дуетската со Жељко Јоксимовиќ - „Скопје Београд“. Токму оваа песна се најде на врвот на оваа листа со најмногу прегледи на Јутјуб - 22 милиони.


На второто место е неговиот настап од аудицијата за Х-фактор, каде ја отпеа песната „Red“. Оваа видео има 3 милиони прегледи.


На трето место, со 2.8 милиони прегледи е песната „Autumn Leaves“ со која во 2015 година, Даниел Кајмакоски ја претставуваше Македонија на Евровизија.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: