Музички времеплов: По повеќе од 10 години објави нова песна, а еве кои песни на Врчак имаат најмногу прегледи на Јутјуб
Откако во 2011 година ја објави својата последна песна „Снегулка“, раперот Раде Врчаковски Врчак, конечно се врати на македонската музичка сцена со нова песна.
Дали по оваа ќе следуваат и други песни, не е познато, но затоа тука се и оние старите, кои публиката уште ги слуша. Затоа, решивме да провериме, кои песни од Врчак имаат најмногу прегледи на Јутјуб.
Во продолжение погледнете кои 3 негови песни имаат милионски прегледи:
# „Пред да заспијам“ - 2.1 милиони прегледи
# „Седмо небо“ - 1.9 милион прегледи
# „Поп Перо“ - 1.6 милион прегледи
фото: Принтскрин / Фејсбук