Музички времеплов: Првите претставници од Македонија на Јуниорската Евровизија
Вчера се одржа овогодинешното издание на Јуниорската Евровизија, а нашите претставници, тинејџерите од „Дајте музика“ го освоија деветтото место.
Но, знаете ли во која година се приклучи Македонија кон овој најголем детски музички фестивал во Европа? Тоа беше пред 18 години, поточно во 2003 година, кога Марија Арсовска и Викторија Лоба пред цела Европа ја отпеаја песната „Ти не ме познаваш“.
Инаку, оваа песна и денес и хит помеѓу младите, но исто така и оние постарите генерациите знаат да ги запеат познатите стихови „Ти не ме познаваш јас не сум твоја божица, го слушам твојот глас од некоја далечина“.