Музички времеплов: Се сеќавате ли на Дарија - го расплака цел регион со песната „Само да рата не буде“ од Балашевиќ
И најмалите знаеа за Балашевиќ и тежината на неговите песни.
Се сеќавате ли на малата русокоса девојка со божествен глас, Дарија Врачевиќ која ја пренесе најубавата и најсилната порака за мир со песната од Ѓорѓе Балашевиќ „Samo da rata ne bude (Само да нема војна)“ на натпреварувањето „Пинкови ѕвездички“.
Дарија ја испеа оваа песна од Балашевиќ во натпреварувањето во 2016 година, кога со секој ритам, со секој акорд, нејзиниот ангелски глас мамеше насмевки, отчукувања на срцата и солзи.