Музички времеплов: Тамара Тодевска е пејачка со безброј хитови, но само една песна има 10 милиони прегледи на Јутјуб

Музички времеплов: Тамара Тодевска е пејачка со безброј хитови, но само една песна има 10 милиони прегледи на Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Македонската поп пејачка Тамара Тодевска е една од најпознатите и најуспешните македонски пејачки. Го постигна најголемиот успех на Евровизија за нашата држава, има неколку концерти за паметење, меѓу кои еден во А1 арената, многу освоени награди и признанија - како интернационални, така и во нашата земја, многу дуети кои сите ги пееме во еден здив, но само една нејзина песна има најмногу прегледи на Јутјуб.

Со дури 10 милиони прегледи на Јутјуб, српската верзија на песната 1003 го освои првото место по прегледи на оваа платформа. 


Но, тука не застанува нејзината популарност. Имено, оваа песна често се изведува и во балканските музички натпреварувања, каде младите изведувачи се трудат за што подобро да ја изведат.

За да слушнете како младите пејачи ја изведуваат оваа песна, кликнете ТУКА.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: