Музички времеплов: Ве потсетуваме на еден од најпредизвикувачките настапи на Елена Ристеска во „Твоето лице звучи познато“
Пејачката Елена Ристеска е една од низата пејачи кои ги поминаа границите на нашата држава. Така, таа учествуваше во една од сезоните од шоуто „Твоето лице звучи познато“, кое се одржуваше пред 7 години и каде покажа и докажа зошто има посебно место на музичкото небо.
Неодамна и таа се посети на ова искуство и сподели видео од една од емисиите, на кое за првпат пее опера и тоа на Француски.
„Пред 7 години, на емисијата „Твоето лице звучи познато“ во Белград, Србија пеев опера во улогата на Кармен.
Не знам дали знаевте но , првпат во мојот живот пеев опера, подготвувана само неколку дена. А тешкотијата да играш, глумиш и пееш на француски јазик ме прави посебно горда и среќна додека го гледам видеото од оваа временска дистанца. Да е уште потешко сето тоа , францускиот јазик го учев во средно училиште и сосема го заборавив, бидејќи јазикот ако не го зборуваш активно е „жива материја“ која се заборава.
Како и да е, убаво е чувството.
П.С. Ќе заборавев и тоа дека на последните настапи имав алергија која ми создаваше проблем при пеење, а замислена беше и два тона повисоко да ја отпеам според планираното и според вежбаното.“ - напиша таа во објавата.