Музички времеплов: Ве потсетуваме на настапот со кој Даниел Кајмакоски се вивна во ѕвездите
Со овој настап ги освои срцата на публиката ширум регионот...
Даниел Кајмакоски на своја 7 година заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Има учествувано во повеќе музички шоуа. Првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12. Најголем успех има има постигнато во регионалното шоу X Factor Adria. Во 2009 година, за првпат настапува во Македонија, на Охрид Фест со неговата сопствено искомпонирана и напишана песна ’’Нежна ко принцеза’’, со која сепак повторно не бил забележан. Исто така Даниел има учествувано и во Бугарско шоу, “Пеј С’мен“.
Токму по првиот негов настап на X Factor Adria остана забележан и запаметен.
Oдносно во 2013, на сцената на Х Фактор се појави со песната Red од Daniel Merriweather, со која успеа да го привлече вниманието на публиката и гледачите. По победата на Х Фактор, излезе неговата прва песна заедно со Жељко Јоксимовиќ Скопје-Београд.
Потоа Даниел, беше прогласен за победник и на Скопски Фестивал на кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2015.
Денес неговиот прв настап брои близу 3 милиони прегледи, погледнете:
извор:wikipedia