Музички времеплов: „Во ритам“ со Ања Ветерова, пред 16 години
Ања Ветерова почна јавно да настапува уште на четиригодишна возраст. На почетокот не била свесна дека е ѕвезда.
- Како растев почнав да се соочувам со некои ситуации коишто ги носи славата. Некои беа лоши, но повеќето беа позитивни искуства. И сега би тргнала по истиот пат. Запознав многу луѓе, пејачи од разни земји и автори со кои и денес контактирам. Таа рана фаза ја заокружив со многу награди и ми дојде како добра подлога за мојата кариера во иднина – изјави во една прилика младата пејачка која како дете имаше можност да соработува со врвни имиња од домашната естрада, а нашата земја ја претставуваше и на детскиот „Евросонг“.
Една од песничките по која Ања беше препознатлива од самиот почеток е „Во ритам“, која ја испеа во 2005-та година на музичкиот фестивал „Супер ѕвезда“.
Да се потсетиме: