Музиката ми е сѐ: Слепата Петра, чудото од дете на пијано

Музиката ми е сѐ: Слепата Петра, чудото од дете на пијано

Петра Спасојевиќ има 15 години и живее во Нови Сад, а пошироката јавноста ја запозна по нејзиното неверојатно претставување на натпреварот во Будимпешта.

Ова неверојатно талентирано девојче својот живот го има посветено на музиката, а првите години никој не го сфаќал нејзиниот талент. Моментално е во прво одделение во музичкото училиште „Исидора Бајиќ“, пишува директно.рс.

„Од најраното детство си играше со пијано. Тоа беа нејзините омилени играчки кои ги разбираше. Кога имаше две години ѝ купивме електричен синтисајзер. Не го разбиравме нејзиното удирање по клавијатурата, дури многу години подоцна, сфатив дека таа всушност изразува тонови“ - вели за истиот портал нејзината мајка Снежана.

Нејзината мајка истакна Петра на првото натпреварување кое учествувала била самоук музичар, кога училиштето ја испратило на натпреварување во пеење. Од натпреварот таа се вратила со пехар. Талентираната Петра од секое натпреварување се враќала со трофеј. Три години по ред настапувала на церемонијата по повод отворањето на Светската конференција за пијано, како победник на ФИБА.

„Музиката е сѐ за мене. Во неа ги пронаоѓам своите чувства и ги изразувам. Многу научив за светот низ неа. Знаете, не е доволно само да знаете точно да ги повторите нотите, мора да постои емоции“ - вели оваа млада музичарка.


Можеби ќе ве интересира: