На 10 години стана милионер, а потоа се предаде на пороците: Животната приказна на Меколи Калкин
Филмот „Сам дома“ е остварувањето кое го прослави, а денес не сака да слушне за глумата...
Меколи Калкин на 26 - ти овој месец наполни 40 години. Јавноста ширум светот го обожаваше поради улогата во филмовите „Сам дома“, а потоа одеднаш исчезна од јавноста и во потполност ја запостави својата актерска кариера.
Малку кој претпоставуваше дека момчето со блескава иднина ќе стане зависник зависник од недозволени супстанци и пијалоци и дека за време на животот ќе се соочува со депресија и анксиозност.
Имено, Калкин за време на детството бил малтретиран од неговиот татко кој без срам ги трошел парите на својот син. Кога не сакал да глуми, неговиот татко Кит Калкин го присилувал да го прави тоа, поради што несреќното момче на крајот започнало да конзумира наркотици.
Калкин пораснал во големо семејство со уште пет деца. Неговата најстара сестра пред 17 години почина од предозирање, а другата ја прегази автомобил. Останатите четири деца зачекорија во светот на шоубизнисот, но Меколи убедливо беше најуспешен.
И покрај присилбите на татко му, Меколи сепак успеал да му се спротивстави и на 14 години објави дека се повлекува од глумата, а во семејството тогаш почнале кавгите поради кои татко му ги напуштил.
„Тој сака да контролира, играше игри за секогаш да ме смести на своето место“ - рече Калкин кој тврди дека татко му не го тепал, но дека психички го прогонувал.
Тогаш започна и борбата за старателството над се уште малолетниот Калкин. Неговото богатство беше проценето на 11 милиони, а татко му и мајка му постојано се бореле за тоа кој ќе ги добие парите и кој ќе води сметка за детето. Поради големите судски трошоци, семејството во еден момент ќе беше на работ на егзистенцијата.
На крајот, Калкин успеа да го сочува своето богатство, но тогаш ги прекина и сите контакти со мајка му и татко му.
Денес на полни 40 години шокира со својот непрепознатлив изглед, но тврди дека се извлекол од канџите на порокот и дека живее од ден за ден, како безделничар.
„Работа сешто, но сум безделничар. Би можело да се каже дека веќе сум во пензија, но на можам на себе да дозволам удобен живот од ден на ден“ - рече Меколи Калкин.