На 12 години заработувал како уличен музичар, а потоа го откри познат продуцент: Животната приказна на Џастин Бибер
Познатиот пејач на 12 години почнал да пее на улиците во Канада, каде ги и добил и своите први обожаватели...
Канадскиот пејач неодамна во едно интервју откри дека бил уличен музичар пред да стане популарен ширум светот.
Имено, младиот пејач се прослави како тинејџер и кога на 13 години го открија американскиот пејач Ашер и музичкиот продуцент Скутер Браун. Тие откако ги виделе неговите видеата на Јјутјуб, кои ги снимил на 12 години, свирејќи на улиците и го повикале да потпише договор за дискографската куќа „RBMG Records“.
На 16 години го објави хитот под назив „Baby“, кој го вивна помеѓу ѕвездите. Џастин ја инспирираше публиката со својот глас и со своето животна патување, токму поради уличните настапи, а не во некоја ТВ емисија.
Тој денес е еден од најреномираните уметници во Холивуд. Познат е по својот глас и песни, а неговиот албум под назив „Changes“ фановите го обожуваат, бидејќи во тестовите зборува за својата врска со сопругата Хајли Бибер, со која е во среќен брак од 2018 година.
Во интервјуто исто така зборуваше и за своите борби со кои се соочил во животот и како постигнал толкав успех во тинејџерските денови.
Зборуваше за тоа дека се навикнал да пее на улица и дека така добил голем број на фанови. Една негова обожавателка на Твитер напиша:
„Џастин Бибер немаше тинејџерска музичка група за да се истакне, не му беше неопходен „Х - Фактор“ за договор со дискографските куќи, како ни Дизни за да стане популарен. Немаше познато богато семејство кое го поддржуваше, ниту пак се обиде да стане популарен. Тој само пееше на улиците, едноствено нешто што имаше беше ГЛАСОТ, а вие велите дека не е заслужен за својот успех?“ - беше напишано во објавата, која наиде на голема поддршка.
Justin Bieber didn't have a youthpop group for reinvention, didn't need Xfactor for a record deal, disney for fame,he didn't have a rich famous family to back him up nor was he even trying to be famous.He was singing on streets, ALL HE HAD WAS A VOICE & yall say he's undeserving? pic.twitter.com/7d7iAYrkZD
— tara loves lily (@sinsofbieber) June 24, 2019