На 16 години поставува рекорди: Андреј Стојановски е надеж на македонското пливање

На 16 години поставува рекорди: Андреј Стојановски е надеж на македонското пливање

Има само 16 години, а веќе поставува рекорди...

Андреј Стојановски од пливачкиот клуб „Нептун“ постави нов кадетски пливачки рекорд во дисциплината 50 метри грбно, кој е негов 8 - ми по ред. Рекордот од 28.81, го надмина рекордот на Антониј Симоновски од 29.01  .

Овој успех, кој дефитивно го заслужува вниманието на јавноста, младиот Андреј го постигна на вчера одржаниот III Делфин Спринг 2020, каде неговиот тим беше предводен од најдобриот маратонец Томи Стефановски, кој има освоено 30 медели, од кои 12 се златни.

Освен овој успех, Стојановски има уште многу успеси на кои се гордее. Тој е носител на седум рекорди за пионери до 14 години во 25 и 50 метарски базен, државен првак и рекордер е на 2500 метри во базен за 2018 и 2019 година, прогласен е за најдобар пливач за 2019 година во категоријата кадети и младински, а победник е и на натпреварите во далечинско пливање што оваа година се одржаа на Охридското, Мавровското и Велешкото езеро.

Андреј апсолутно е најголема надеж на македонското пливање и во базен и во маратонско пливање.


Можеби ќе ве интересира: