На 4 години ги знаел сите претседатели на САД: Денес на 13 има четири дипломи и е најмладиот студент
Џек Рико од Соединетите Американски Држави има дури четири дипломи за стручен соработник - и тоа го постигнал за само две години. За споредба, на просечен студент толку време му е потребно за да дојде до само една таква диплома.
Станува збор за академска програма, каква што не е позната во нашиот регион, туку најчесто се практикува во САД и Канада. Ја нарекуваат „associate's degree“, а станува збор за додипломски студии (првата фаза по средното училиште), а целта е на студентите да им ги овозможи основните технички и академнски знаење и вештини кои им се потребни при вработување или понатамошно студирање во одредена област.
Ова неверојатно паметно 13 - годишно момче минатиот викенд дипломираше на Колеџот „Fullerton“ во Калифорнија, со што стана најмладиот ученик кој го постигнал овој успех во 107 - годишната историја на факултетот.
Момчето доби диплома за стучен соработник по историја, човеково изразување, социјално однесување и општествени науки.
„Едноставно сакам да направам нови работи. Сакам да знам повеќе за светото и сите различни работи кои може да се проучат“ - раскажа Џек за Си-Ен-Ен.
„Колеџот има околу 21.000 други студенти од различни средини и животни слоеви, но Рико е посебен и се издвојува од масата. Не е типично за некој толку млад студент да ја следи наставата, па така Џек е прилично познат во кампусот. Тој е многу мудар за своите години и многу сум задоволен што а нашиот колеџ пронајде дом и место за успех“ - прокоментира Грег Шулц, претседателот на Колеџот.
Џек е многу скромен и смета дека многу мудрости во неговиот успех. Вели дека е важно добро да се управува со времето и да се слушаат професорите. Што сака да биде кога ќе порасне, се уште не знае.
„Се уште пробувам да ги истражам своите интереси да сфатам што сакам да прават во животот“ - рече тој и откри дека ги обожава видео игрите.
Погледнете го во видеото:
Неговата мајка, Ру Андраде, вели дека знае дека нејзиниот син се издвојувал од другите деца уште кога бил мало момче.
„Кога наполни 4 години, го прашав што сака за роденден. И додека децата на негова возрас бараа играчки или патување во Дизниленд, тој рече дека сака да ја види Белата куќа“ - се присети таа.
„Му реков дека тоа е навистина големо патување за толку мало момче, а тој ми одговори дека се шегувал. Потоа му реков дека го однесам таму доколку успее да ги запомни имињата на сите претседатели“ - додаде таа.
Џек по една недела пристапил до неа и ја оставил запрепастена.
„Рече: 'Веќе ги знаев претседателите, но сега ги запаметив и сите потпретседатели, така што сега можеме да одиме.' Тогаш сфатив дека е многу попаметен од мене“ - раскажа таа и истакна дека му ја исполни роденденската желба. Заминале да ја посетат Белата куќа.