На 4 години останала без нозе: Денес, никој не останува рамнодушен од тоа како живее

На 4 години останала без нозе: Денес, никој не останува рамнодушен од тоа како живее

Објавена во: Совети // Семејство

Девојче останало без нозе во автомобилска несреќа која се случила во 2000 година, кога имала само 4 години.

Таа пораснала во рурална средина во југозападната кинеска провинција Јунан, каде што не е лесно да се најдат протези. Па така, тогаш морале да импровизираат.

Хонгјан научила да оди на раце со помош на топка за кошарка, на местото каде што треба да ѝ бидат стапалата. Затоа набрзо во своето село станала позната како „basketball girl“.

Во 2005 година го привлекла вниманието на јавноста во Кина и добила повик да оди во Пекинг, главниот град на Кина, за да добие протези. Но, и откако успела да ги прими новите нозе не можела да оди посетува училиште, но не се откажувала, се запишала на пливање во провинцијата Јунан, што на почетокот ѝ било навистина тешко.

Денес има дипломирано пливање за личности со инвалидитет и тренира по 4 часа дневно, а сон ѝ е да оди на параолимписките игри и да ја претставува својата држава.

Хонгјан станала позната во Кина, како пример за истрајност и сила, и служеше како национална програма за лицата со посебни потреби.

фото: Принтскрин / Daily motion

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: