На денот кога забраната требаше да стапи на сила, Трамп одобри договор меѓу ТикТок и Оракл
Претседателот на САД, Доналд Трамп одобри договор што ќе овозможи апликацијата ТикТок да продолжи да се користи во оваа земја, благодарение на новата компанија „ТикТок глобал“, со која ќе управуваат Американците.
Претседателот рече дека го одобрува договор меѓу компаниите „Оракл“ и „ТикТок“, во кој може да се најде и „Валмарт“.
Тој рече дека овој договор гарантира 100% безбедност, откако американските власти изразија страв во врска со пристапот до корисничките податоци од страна на кинеските власти.
Трамп рече дека „ТикТок Глобал“ ќе биде целосно контролиран од компаниите „Оракл“ и „Валмарт“, а седиштето ќе биде во Тексас.
Компанијата, наводно, се согласила да донира 4,2 милијарди евра на фондот за образование во САД.