На Денот на вљубените потврди: Кендал Џенер официјално е во љубов со кошаркарот
Кога Кендал Џенер би започнала да се „правда“ дека не е луда по кошаркарот, би лажела! Бидејќи иако таа веќе зборува дека „не е вистина“ дека излегува само со таа категорија спортисти, Кендал Денот на вљубените го искористи за да потврди дека е повторно во врска и тоа туку со НБА кошаркарот Девин Брукер.
Вчерашниот ден, беше убава можност за ѕвездите кои не беа отворени со својот моментален љубовен статус да му покажат на светот како стојат работите и дали некого сакаат. Кендал го направи тоа, па сподели слатка и интимна фотографија со Девин Брукер, со кој лежи насмеана. Фотографијата е романтична и Кендал на неа го означи Девин и додаде емотикон срце, но и да не го направеше тоа, јасно е дека сакаше да покаже љубов.
Кендал која вчера имаше навистина прекрасен ден, ѝ испрати цвеќе на својата мајка, Крис Џенер.