На генијален начин го научи 13 - годишниот син на лекција: Многумина ѝ се чудат на оваа мајка поради тоа она му го кажа
Сите родители чии деца се големи или моментално се во тинејџерските години, знаат колку тоа може да биде стресно и напорно, а децата да бидат тврдоглави и полни со барања. Тоа е период кога децата би дале сѐ за да пораснат, а родителите ги сметаат за бесчувствителни суштества кои уживаат да ги контролираат, па поради тоа сакаат што порано да се осамостојат.
Низ слична ситуација помина и Австралијка Естел Хевишем.
Имено, нејзиниот син, 13 - годишниот Арон отворил канал на Јутјуб, и преку него започнал да заработува многу пари. Со голема гордост ѝ соопштил на мајка му дека станал самостоен, а во расправијата која следувала, истканал дека тој сега забоработува сам и дека Естем повеќе нема право да го контролира и да одредува што да прави.
Наместо да продолжи со расправање и да го казни момчето, Естел добила една генијална идеја - му напишала кратко писмо на синот и ги сокрила неговите омилени работи. Прочитајте го писмото и ќе сфатите зошто овие неколку редови станале вистински хит на Интернет и зошто родителите ширум светот се воодушевени.
„Драг Арон, со оглед на тоа дека заборави дека имаш само 13 години, а дека јас сум твоја мајка, изгледа дека ти треба една мала лекција за самостојност. Бидејќи ми го „шлапна“ во лице тоа дека сега сам заработуваш, мислам дека ќе ти биде полесно да ги откупиш сите работи кои ти ги купив во минатото. Доколку ги сакаш твоите лампи, сијалици или пристап до Интернет, ќе мора да сносиш дел од трошоците.
Кирија: 430 долари, стуја: 116 долари, Интернет: 20 долари, храна: 150 долари.
Ќе мора и да го фрлаш ѓубрето во понеделник, среда и петок, како и да почнеш да го чистиш домот. Еднаш неделно ќе го чистиш тоалетот, ќе си подготвуваш храна и ќе го чистиш нередот зад себе. Доколку не успееш, ќе ти ја наплаќам и услугата на слугинка во износ од 30 долари за секој ден кога ќе треба јас да го направам тоа наместо.
Доколку одлучиш повторно да бидеш мое дете, а не возрасен, самостоен цимер, можеме да преговараме за условите.
Те сака, мама.“