На Хајли Бибер ѝ е преку глава: Пред да ја обновиме врската, Џастин ја имаше оставено Селена Гомез
Љубовниот триаголник Хајли - Џастин Бибер - Селена Гомез во медиумите не престанува да биде актуелен ниту денес, кога Селена одамна се повлече и го живее својот живот далеку од Џастин. Сепак, изгледа дека јавноста никогаш нема да заборави дека Џастин имал две најголеми љубови во животот и дека често се зборуваше дека Селена е поголема! Сепак, Хајли сега вели дека таа немала на што да биде љубоморна, бидејќи Џастин и Селена раскинале уште одамна.
Да потсетиме, Цастин во минатото имаше кратки врски (и долги) со Селена и Хајли, но во јули 2018 година ја побара Хајли за жена, иако пред тоа времето го поминуваше со Селена. Сепак, Хајли во своите последни изјави тврди дека тој завршил со пејачката многу порано пред предлогот.
„Спротивно од популарното мислење во јавноста, Џастин беше долго време слободен кога повторно се поврзавме. И јас тогаш бев малку подобро слободна и се трудевме да сфатиме што сакаме од животот“ - тврди манекенката. Како е можно Џастин да бил „толку долго“ сингл, кога Селена во песната „Lose You To Love Me“ вели „по два месеци ме замени, како тоа да е едноставно“?
Два месеци и не се толку долг период, а во предвид го зимаме фактот дека Џастин кон крајот на 2017 година се смири со Слеена и беа заедно до мај 2018 година. Сепак, Хајли признава и дека тие двајца долго зборувале пред повторно да бидат во врска!
„Луѓето не знаат дека долго се слушавме пред повторно да бидеме двојка, но сите веднаш не прашаа „еј, дали вие двајца ќе се венчате?“ - заклучи Хајли.
Дали Хајли, во оваа ситуација е љубоморна на Селена? Како и да е, таа вели дека љубомората е во ред! „Љубомората е природна и човекова состојба, сите ја имаме во себе. Би сакала апсолутно да се спасам од љубомората, но знам дека не можам“ - призна таа.