На малата Миа од болка во нозете ѝ била дијагностицирана лимфобластична леукемија: Денес ги мотивира другите да помагаат
Миа се изборила со акутната лимфобластична леукемија која ѝ била дијагностицирана кога имала само две години...
На 2 години на Миа Пирс ѝ била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија и по повеќегодишното интензивно лекување, сега е во ремисија, а нејзиното семејство е посветено на тоа да им помага на другите болни деца.
Инспириран од борбата на својата ќерка, Рајан, таткото на Миа сакал да ѝ врати на болницата која го поддржала нивниот семејство во борбата.
Миа почувствувала болка во нозете, поточно во зглобовите и почнала да куца, а откако ултразвукот и рендгенот не покажале повреди, нејзиниот општ матичен лекар ја испратил на анализа во локалната брза помош.
По дијагнозата, Миа и нејзиното семејство биле префрлени во детската болница во Квинсленд и таму морале да останат 10 месеци, додека била на интензивно лекување. Миа, била подложена на третман кој траел три и пол години, за време на кој имала безброј инекции за хемотерапија, четири аспирации на коскена срцевина, стотици дози орални стероиди, шест операции, 15 итни интервенции во Брзата помош, многу донирани крвни единици и секојдневни проверки на крвта.
Миа сега е во ремисија, но нејзините родители живеат во страв дека болеста кога - тогаш ќе се врати, бидејќи се вознемируваат и размислуваат дури кога Миа има најобична настинка.
„Покрај сѐ, најдобите искуства во болницата секогаш беа со Фондацијата во детската болница, од волентерите од онкогија до волонтерите кои дење и ноќе беа покрај креветот - не можеме доволно да им се заблагодариме за среќата која ја донесоа на нашето девојче. Нивната добрина сѐ уште ми носи солзи на очите“ - кажа мајката на Миа.
Миа и нејзиното семејство сега ја споделуваат својата приказна за да им помогнат на другите болни деца и да ги охрабрат локалните жители да донираат за поддршка на Фондацијата.
„Секој поединечна донација, без оглед на големината, ни помага да правиме чуда за болните деца како што е Миа“ - кажа госпоѓа Џери.
Кога нејзиниот татко Рајан Пирс организирал акцијата за собирање на средства „Dad's Day Out“ за Фондацијата минатата година, не ни замислил дека тоа ќе доведе до донација од 8.000 долари за помош на болните деца.
Борбата на Миа инспирира многумина и помага во лекувањето на другите деца.
фото: freepik.com