На мекици кај Мијалкови, за забавата беше задолжена Тамара Тодевска (ФОТО)
На големиот празник Павловден, постариот син на поранешениот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.
Тогаш Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели, а на 15. месецов пак среќните сопружници станаа родители на своето прво дете. Тие добија ќерка, а веста на социјалните мрежи ја сподели сестрата Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.
Вчера пак семејството Мијалкови правеше мекици за внуката, а за забавата беше задолжена Тамара Тодевска, како нивна блиска пријателка.Фото: Принтскрин/Инстаграм