На местото каде се одржа првото заседание на АСНОМ: Мартија духовно си ја исполни душата во манастирот Св. Прохор Пчински (ФОТО)
Мартија изминатиот викенд со своето семејство го посети манастирот Св. Прохор Пчински...
Овој манастир кој има големо духовно и истористо значење, денес се наоѓа во општина Бујановац, во Република Србија. За историјата на Македонија е значаен по тоа што во 1944 година во него е одржано првото заседание на АСНОМ.
Токму во овој манастар изминатиот викенд, младата пејачка Мартија Станојковиќ го пронајде својот душевен мир. Во друштво на нејзината мајка и најблиското семејство, помина еден ден во црквата, конаците и помошните објекти на манастирот.
Оттаму сподели неколку фотографии преку кои ги покажа убавините на овој храм, кој е од големо значење на сите верници, со што покажа дека вербата во Бога ѝ е една од водилките во животот.
фото: Принтскрин / Инстаграм