„На моменти имав анксиозност која мислев ќе исчезне, но стануваше пострашно“: Ники Минаж искрено за мајчинството
Ниту познат музичар не може да избега од еден од најтешките делови на мајчинството - чувството на мајчинска вина.
Музичката ѕвезда е мајка на едно дете кое го доби со сопругот Кени Пети, а во новото издание на магазинот „Вог“ за декември 2023 година ја отвори душата и проговори за маката и вината што ги чувствува како мајка.
За анксиозноста во мајчинството
Таа роди момче во 2020 година и се уште не го открила неговото вистинско име во јавноста. Иако се изгледа идилично, таа призна дека не е секогаш така.
„Нема да лажам, работите се искомплицираа меѓу нас. Мислам дека знаевме дека ќе го надминеме, поради нашето минато. Но, не постои такво нешто како самодоверба во родителството. Би сакал некој да ми кажеше - иако сум сигурна дека тоа не можев да го разберам - дека постои одредено ниво на анксиозност и мислиш дека се ќе исчезне, но всушност станува пострашно. Толку често размислуваш: Не знам како да го направам ова“, изјавила Ники, а со неа сигурно ќе се поистоветат многу мајки.
За мајчинската вина
Популарната раперка во интервјуто изјави дека верува дека ќе се повлече од музичката сцена кога ќе стане мајка и дека нејзиниот фокус ќе биде само на мајчинството.
„Мислам дека длабоко во себе верував дека кога ќе имам семејство, едноставно ќе ја изгубам желбата да правам музика. Секогаш им велев на луѓето: „Кога ќе имам дете, ќе му го готвам секој оброк и ќе му печам колачиња секој ден“. Можеби потсвесно се надевав дека мојот фокус ќе биде само на тоа да бидам мајка и со нетрпение ја очекував таа идеја. Ми звучеше како огромно олеснување... Но, она што се случува е да дознаете дека сепак мора да работите“, сподели Ники, чии обожаватели се благодарни што и се врати на музиката, како и мајките што ја сподели нејзината приказна.
Фото: ИнстаграмИзвор: superzena.b92.net