На насловната на „Вог“ откри многу повеќе: Били Ајлиш ја покажа мистериозната тетоважа

На насловната на „Вог“ откри многу повеќе: Били Ајлиш ја покажа мистериозната тетоважа

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите зборуваат за најновите фотографии на Били Ајлиш кои ги направи за насловната страница на британскиот „Вог“, а изгледа дека на неколку од нив, случајно или намерно, ја откри мистериозната тетоважа за која истакна дека никогаш нема да ја видиме.

Били Ајлиш, младата музичка ѕвезда и поп икона, моментално е на насловната страница на новото издание на британскиот магазин „Вог“, а освен за нејзините фотографии во долна облека, сите зборуваат за тоа дека на некои од нив ја откри и досега добро прикриената тетоважа.

Тетоважата, која ѝ е прва во животот и засега единствена, ја направи минатата година и тогаш кажа дека никогаш нема јавно да ја откри. „Да, направив тетоважа, но никогаш нема да ја видите“ - кажа тогаш за „Vanity Fair“, но изгледа дека го прекрши своето ветување.

Обожавателите забележаа дека на фотографиите за „Вог“, барем на некои од нив, се гледа тетоважата која се протега од стомакот до десниот колк, иако на ниту една фотка не се гледа точно за каква тетоважа се работи.

Најверојатно во прашање е некоја птица или митско суштество, пишува „Seventeen“. Но, она што е сигурно е дека тетоважата е навистина голема. Повеќе фотографии може да видите во официјалното интервју на „Вог“


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: