Били Ајлиш си исполни уште една желба: Ја направи својата прва тетоважа
Били Ајлиш за своите 18 години постигна работи какви што многумина не успеваат да постигнат за цел живот, а нејзините успеси на престижните доделувања на награди, како Греми зборуваат за тоа колку ја ценат и критичарите. Фактот дека таа веќе доби шанса да сними и песна за филмот со Џејмс Бонд не мора ни да го споменуваме. Сепак, и покрај сѐ, Били е обична 18 - годишна девојка која ја исполнуваат мали работи. Таа со години сакала да се тетовира и конечно потврди дека паднала првата одлука за тетоважа, која сака да ја направи оваа година.
Имено, „Variety“ со Били Ајлиш прави исто интервју веќе четири гоидни, па направи интересно видео во кое може да видите какви одговори давала низ годините. Во интервјуто од 2019 година голем впечаток остави реченицата на Били дека би сакала да има тетоважа - најновото интервју потврдува дека тетоважата е направена!
„Конечно се тетовирав. Но, никогаш нема да ја видите таа тетоважа“ - порачува Били. Да, за жал, нема фотографија од тетоважата и изгледа нема ни да имаме, бидејќи Били е мистериозна како и секогаш.
Били превртува со очи на некои свои одговори од минатите години, а особено на желбата да има малку повеќе време за себе, бидејќи поради пандемијата се случи и тоа. Сепак, таа сега увиде колку и недостасуваат концертите. „Мислев дека никогаш нема да дојде денот кога нема да можам повторно да настапувам. Тоа е единствена работа во животот која знам да ја работам. Штом се вратам на настапите како некогаш, секој настап ќе биде најдобар“ - вети таа.
Интересно е тоа што од неодамна Били направи профил и на ТикТок и дека јавноста многу се смееше за нејзиното корисничко име „Coochiedestroyer5“.