Конечно: Били Ајлиш направи профил на ТикТок и има многу чудно корисничко име

Конечно: Били Ајлиш направи профил на ТикТок и има многу чудно корисничко име

Би рекле дека Били Ајлиш е потполно нетипична девојка, на свој начин и не ја интересираат работите што ги интересираат другите. Сепак и таа ги користи социјалните мрежи и на тој начин се поврзува со огромниот број обожаватели, кои долго ја очекуваа да стане дел од ТикТок. Оваа платформа е преполна со многу нејзини помлади обожавателите, а сега ви го претставуваме нејзиниот профил,  кој има малку чудно корисничко име.

Били конечно направи свој профил и за неколку часа собра нереален број прегледи на видеата. Она што на сите им е особено забавно е нејзиното корисничко име - „Coochiedestroyer5“ звучи како совршено корисничко име доколку играте видое игри, бидејќи ретко кога вакви имиња бираат познатите ѕвезди!

Били во првото видео го пробува филтерот кој го корегира носот, но таа толку се смее на резултатот кој го добива што ги разнежни своите обожаватели. На нејзините видеа реагираат и ѕвездите, па и Џејмс Чарлс беше воодушевен. Содржината не заврши тука, па Били направи уште едно видео. Шот мислите, колку ќе биде активна Били на оваа социјална мрежа?



Може да ве интересира:

Били Ајлиш шеташе сама низ трговски центар: Место со посебно значење за неа

Били Ајлиш на себе има направено една естетска корекција: За што станува збор

Имаше еден пропуст: Како изгледаше првиот виртуелен концерт на Били Ајлиш?

Можеби ќе ве интересира: