Били Ајлиш на себе има направено една естетска корекција: За што станува збор
Во текот на кариерата Били Ајлиш имаше специфичен поглед на своето тело и изглед и на тоа како мажите ги дефинираат. Наместо да ги покаже своите женски облини за да ја придобие публиката, Били во своите видеа обично носи тренерки, дуксери и широки маички, за во прв план да остане само нејзиниот вокал.
Неодамна познатата пејачка со појавувањето без препознатливата широка облека покрена лавина коментари за нејзиниот изглед.
Сепак, таа е потполно природна, наспроти многуте ѕвезди кои уште во младоста се зафаќаат со естетски корекции.Но, Били има направено една промена на себе, а тоа е нејзината насмевка.Ѕвездата има порцелански навлаки на забите.