На неа ѝ должи сѐ: Милан Станковиќ израснал без татко, го одгледала мајка му која чистела куќи, а еве како изгледа (ФОТО)
Пејачот своевремено раскажа дека неговата мајка не се двоумела да работа за да ги одгледа него и сестра му...
Пејачот Милан Станковиќ ретко се појавува во јавноста, апсолутно го има променето имиџот, а постоеја шпекулации дека се осврнал кон духовниот начин на живот, меѓутоа, тој за тоа не сака да зборува јавно.
За членовите на своето семејство ретко зборува, и не сака да ги експонира во јавноста, и затоа ретко кој знае како изгледа неговата мајка која му е најголема поддршка. Станковиќ во една прилика на Инстаграм објави фотографија од мајка му од младоста и покажа дека таа била покрај него додека растел, но и во текот на кариерата, за што ѝ е бескрајно благодарен.
Немал детство како неговите врсници, бидејќи растел без татко. Додека бил бебе, неговите родители се развеле, а кога имал 4 години, татко му починал во затвор под неразјаснети околности.
Мајка му подоцна се премажила и ја добила ќерката Настасија, а за да децата имаат сѐ што им е потребно, не се двоумела да работи неколку работи истовремено, за да ги одгледа и изведе на вистинскиот пат.
„Работеше во трафика, пеглаше и чистеше по куќи. Често позајмуваше пари. Беше тешко, но се бореше за мене и сестра ми“ - откри во една прилика Милан, кој растел во Обреновац, каде денес живее неговата мајка.