На некои треба да им се забрани користење на Интернет: Коментарите на фотките на Камила Кабелјо од плажа се ужасни
Некогаш е подобро да не се каже ништо...
Коментарите на фотките од плажа на Камила Кабелјо се доказ дека општеството отиде во пропаст. Иако коментарите се напишани од корисниците од Велика Британија, исти такви или слични можеш да видиш и на објавите на нашите познати ѕвезди. Многу луѓе се незадоволни од своето тело и изглед, а тоа го покажуваат со тоа што ги „хејтаат“ другите. Овој став се појави затоа што не постои друга причина зошто некој би кажал волку ужасни работи.
Фотографиите од плажа на Камила веќе неколку години за жал се во центарот на вниманието, како пример за тоа како не треба да однесуваш. Не Камила, таа се однесува совршено. Оди на плажа, се забавува и не се грижи дали има целулит или тој ден јадела хамбургер, кој се гледа на нејзиниот стомак.
Оние кои се не знаат да се однесуваат се луѓето кои ѝ коментираат на објавите. Таа била на плажа во бикини, а секако ако е таму Камила, таму се и папараците. Ја фотографирале додека се забавувала и капела, што е океј, бидејќи сепак е светски позната ѕвзда. Она што не е океј се луѓето и нивните коментари напишани на сметка на изгледот на Камила.
Да, Камила не е анорексично слаба и не изгледа како модел, па изгледа дека тоа значи дека би смеела да носи костим за капење и да оди на плажа. Коментарите од тоа дека изгледа „одвратно“ до „нека си направи услуга на себе и јавноста и нека носи едноделен костим за капење“ или дека има тело „како стара баба“ ја преплавија објавата. Камила, која има многу млади обожаватели, покажува дека не треба никој да се срами од своето тело и дека е во ред да не изгледаш како модел, и дека слободно можеш да носиш костим за капење. А, потоа луѓето во коментари на тие млади девојки им покажуваат дека треба да се срамат од својот целулит и дека не би смеело да носат дводелен костим за капење доколку не се слаби.
Коментирањето на туѓиот изглед, без разлика дали некој е позната личност или не, е однесување кое досега требаше да го оставиме зад себе. Ваквите коментари на Камила повеќе не ѝ пречат, но им испраќаат порака на деовјките кои ќе ги прочитаат под фотографиите на Камила.
фото: Принтскрин / Инстаграм