На посебен начин ја поддржа матурантката која трпи врсничко насилство: Гестот на Сека Алексиќ од кој многу познати личност треба да земат пример
Пејачката Сека Алексиќ досега повеќе пати покажа дека има големо срце, а нејзиниот најнов потег го пофалија и оние кои не не ѝ се обожаватели...
Популарната пејачка Сека Алексиќ во текот на својата кариера повеќе пати покажа дека има големо срце, а нејзиниот најнов потег е уште една насока за познатите личностите за тоа како на вистински начин да ја искористат својата популарност.
Имено, во медиумите во Србија се појави вест за врсничко насилство во ОУ „Петар Петровиќ Његош“ во Врбас, каде девојче од ромско потекло од соучениците како „подарок“ добило парче жица со зборовите:
„Твоите секако собираат бакар, па да допринесеме“.
Потоа, една корисничка на Твитер напиша и дека со споменатата ученичка никој не сака да оди на матура, а веднаш потоа се обрати Сека.
„Еве, јас ќе одам со неа на матура. Каде е тоа девојче?“
Една твитерџика искоментира дека би било убаво сите што ја исмејуваат девојката да не добијат автограм од пејачката, но таа повторно даде добар пример одговарајќи:
„Не, верувајте ми. Само со љубов. Зошто да покажеш некому каков можеби бил, можеби и ненамерно... Само со љубов, со убав гест. Љубовта секогаш победува.“
Твитерџиите веднаш почнаа да ѝ упатуваат комплименти и пофални зборови на пејачката:
„Бидете сите како Сека“, „Не е тешко да се биде добар човек“, „Измешајте ги овие ноќи со љубов“, „Боже, Сека е ангел“, „Кај мене дома од денес се слуша само Сека“ - пишуваат старите и новите обожаватели на Сека Алексиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм