На премиерите блеска, а приватно? Стилот на најмладата модна икона во историјата кога не очекува папараци
Секој пат кога Зендаја ќе зачекори пред фото-репортерите, уредниците на модните магазини задоволно ги тријат рацете, а дизајнерите едноставно се луди по неа! Меѓутоа, знаете ли какви модни комбинации одбира кога не очекува дека ќе биде фотографирана?
Американската актерка Зендаја Колман, изгледа, изминатите години постојано е во центарот на вниманието. По промовирањето на „Dune“, таа на светот му го претстави „Спајдермен“, а потоа и новата сезона на серијата „Еуфорија“. За време на јавните појавувања во врска со овие проекти, таа благодарение на соработката со стилистот Ло Рич воодушевува со своите несекојдневни и елегантни модни избори, кои ѝ ја донесоа титулата модна икона. Всушност, Зендаја е најмладата жена во историјата на која Советот на модни дизајнери во Америка официјално ѝ ја врачи оваа награда за модна икона, на доделувањето на CFDA Fashion Awards пред неколку месеци.
Меѓутоа, иако имаме чувство деа секодневно ја гледаме Зендаја, во прашање е само впечатокот кој нејзините модни избори го оставаат на нас, бидејќи таа ретко се појавува во јавноста и успешно се крие од папараците на улиците во Лос Анџелес. Сепак, пред неколку дена тие успеаја да ја уловат за време на една прошетка со пријателите, а модната комбинација на Зендаја - иако е составена од многу тренди парчиња - не е авангардна и возбудлива како нејзините елегантни изданија.
извор: Diggzy/Jesal / Shutterstock Editorial / Profimedia
Имено, актерката на себе имаше кожен капут со макси должина, чии широки и ретро ревери се прекриени со вештачко крзно, маслинестозелени панталони со широки ногавици и бели „џорданки“ со бордо детали. Ваквиот стил одлично го вклопи со нејзината од неодамна црвена коса, а Зендаја за целото време носеше заштитна маска.
извор: Diggzy/Jesal / Shutterstock Editorial / Profimedia
извор: Diggzy/Jesal / Shutterstock Editorial / Profimedia
И модните икони заслужуваат одмор, зарем не?
фото: Инстаграм