На профилот со 260 милиони следбеници Ким објави фотка од највлијателната српска инфлуенсерка: Која е причината?
Кардашијан ја сподели
својата објава на нејзиниот профил, каде што ја следат повеќе од 260 милиони
луѓе
Ким Кардашијан на својот профил сподели фотографија од србинката Тамара Калиниќ, највлијателната и најуспешната српска модна блогерка.
Причината е што Тамара се фотографираше во новата колекција во која соработуваат Ким со нејзиниот бренд „Скимс“ и познатата куќа „Фенди“.
Тамара се фотографираше во овие нови парчиња, а Кардашијан ја објави на својот профил, каде што ја следат повеќе од 260 милиони луѓе.
Да потсетиме, Тамара неодамна помина низ агонија, бидејќи на 4 јули 2021 година и беше ограбен станот во Париз.
Крадците потоа ја изнервирале со тоа што и одзеле работи во вредност од околу 300.000 евра.
Имотот на оваа убавица се наоѓа во близина на Елисејската палата, а како што пишува француски „Actu 17“, крадците наводно влегле во станот преку прозорец.
Земале се што имале при рака - луксузни часовници, 20-тина брендирани чанти, куфери и слично.
Тамара ја алармирала полицијата штом, околу полноќ, пристигнала во нејзиниот дом и сфатила што се случило.
- Бидејќи многумина од вас веќе ја слушнаа веста, можам да потврдам дека, за жал, е вистина. Како се чувствувам сега не може да се опише со зборови... - изјави тогаш Тамара.
- Но, она што е важно е дека сум здрава и што чувствувам толкава љубов и поддршка од моето семејство и пријателите. Срцето ми се крши кога гледам дека сè што работев во последните десет години - го нема - изјави таа на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/Тамара/Ким Кардашијан