На првиот состанок по грешка и ја испратил оваа порака: Милиони корисници на ТикТок беа шокирани

На првиот состанок по грешка и ја испратил оваа порака: Милиони корисници на ТикТок беа шокирани

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Девојката благодарение на оваа објава собра повеќе од милион прегледи на познатата социјална мрежа...

На многумина им се случило по грешка да испратат порака до погрешна личност. Сепак, дали некогаш сте испратиле порака до личноста која всушност ја озборувавте? Таа прилично непријатна ситуација и се случи на една девојка на еден љубовен состанок.

Корисничката на добро познатата социјална мрежа ТикТок, по име Керстен Ховис, во видео ја покажа пораката која по грешка и ја испратило момче со кое била на состанок.

Видеото, кое досега го виделе повеќе од милион луѓе, а истото има наслов „Реалноста на излегувањето во 2020 година“ и во него ги покажа пораките што ги разменила со момчето по име Сет, пренесува „Метро“.

Во видеото може да видиме како Сет најпрво ја прашува дали е на вистинското место, а потоа добива порака која очигледно била наменета за некој друг.

„Одиме таму, таа е многу подебела отколку што мислев, но нејзиното семејство е многу богато“ - пишуваше во пораката.

На оваа таа едноставно му одговори дека ќе се моли за него.

Керстен објасни дека таа и Сет требало да одат на двоен состанок со нејзините пријатели, но состанокот бил завршен по 20 минути, кога таа по грешка ја добила оваа порака.

Девојката собра илјадници коментари под објавата, а многумина и напишаа дека имала среќа што можела веднаш да го види вистинското лице на момчето.

@kersten.hovis

reality of dating in 2020 ##greenscreen ##GreenScreenScan

original sound - Rachel Wilson

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: