На само 15 дена пред почетокот на судењето: Ријана залудно ја повлече тужбата против нејзиниот татко
Судењето требаше да започне на 22 септември...
Познатата пејачка Ријана (33) ја повлече тужбата против нејзиниот татко Роналд Фенти, неколку недели пред да требаше да се сретнат на суд, пренесува Би-Би-Си.
Поп -sвездата го обвини нејзиниот татко за злоупотреба на нејзиното име, а во корист на нејзината компанија, поради што во 2019 година поднесе тужба за лажно рекламирање и нарушување на приватноста.
Таа, исто така, изјави дека нејзиниот татко, без нејзино знаење, организирал турнеја низ Јужна Америка и настапи во Лос Анџелес и Лас Вегас.
Судењето требаше да започне на 22 септември, но Ријана ја повлече тужбата во вторникот, 7 септември.
Причината не е наведена, но американските медиуми пренесуваат дека Ријана постигнала вонсудска спогодба со нејзиниот татко и неговиот деловен партнер.
Познатата пејачка и најбогатиот музичар во светот веќе долго време е во лоши односи со нејзиниот татко, кој имал проблеми со алкохолизмот и зависноста од дрога.