На само 18 години животот ѝ се превртел наопаку: Веќе шест години се бори со болеста од која боледува само три проценти од популацијата
Кога наполнила 18 години, забележала дека по телoто ѝ излегуваат болни плускавци, а кога отишла на лекар морала да се соочи со ужасна реалност...
По многубројните прегледи и препишувањето на разни креми кои немале ефект, таа била упатена на дерматолог кој ѝ дијагностицирал гутарна псоријаза - вид псоријаза која се појавува во форма на црвени, лушпести дамки.
Дури на само 19 години, Клер Спурџин почнала да излегува и сакала да се вклопи сосвоите пријателки, носејќи фустани како нивните, но се чувствувала премногу засрамено поради флеките на кожата и точките кои почнале да влијаат на нејзината самодоверба.
По дијагнозата, ѝ биле препишани стероидни креми и ѝ било кажано дека мора да оди на светлосни терапии за да ѝ се ублажат симптомите.
Клер се надевала дека третманите ќе бидат нејзиниот чуден лек поради кој состојбата на нејзината кожа ќе исчезне засекогаш, меѓутоа нејзините флеки само привремено исчезнувале и повторно се враќале.
Меѓутоа, кога наполнила 20 години сфатила дека порано или подоцна ќе мора да се помири со фактот дека засекогаш ќе изгледа вака.
„Ми требаше многу време за да ја прифатам својата кожа, но повеќе не морам да се плашам да одам на плажа во бикини. Секогаш се плажев дека некој ќе покажува со прст кон мене... И покажуваа! Ме изненади тоа колку луѓе ми приоѓаа за да ме прашаат „што не е во ред“ со мене. Некогаш тоа ми беше многу непријатно, но сега сфаќам дека тие луѓе биле само незапознаени со овој проблем, а воедно и љубопитни“ - кажа 25-годишната Клер за „zita.be“.
Иако и самата вели дека долго не можела да го прифати своето тело, денес со него се фали на цел глас, а тоа може да се види и по нејзините објави на Инстаграм каде добива навистина многу пофалби за храброста.