На само 3 години ѝ ветил дека ќе ја побара за жена: 20 години подоцна го исполнил ветувањето (ФОТО)
Прекрасна љубовна приказна...
Кога имал 3 години на Лаура, другарката од градинка ѝ велел дека ќе се ожени со неа. 20 години подоцна тоа ветување го исполнил.
Возрасните секогаш велат дека децата се мали за да знаат што е тоа љубов. Симпатиите од училиште и градинка се забораваат по некое време, но оваа двојка се разликува од другите.
Лора Шел и Мет Гродски се запознале во градинка. Многу добро се согласувале, а момчето вели дека еден од најстарите спомени му е оној кога пред другите деца ѝ ветил на Лаура дека еден ден ќе се ожени со неа.
За жал, тие го изгубиле контактот откако престанале да одат во градинка, но повторно се сретнале во средно училиште, преку заеднички пријател. Нивните стари чувства очигледно не биле заборавени, бдиејќи по само две недели, Лаура и Мет биле во врска.
Поминале 20 години од оној ден кога во градинка ѝ ја признал својата љубов на Лаура, и на тој ден одлучил конечно да ја запроси и да се ожени со неа. Лаура секако се согласила, а двојката се венчала во декември 2016 година.
фото: Приватна архива