На самохрана мајка ѝ се заканува затвор: Ја оставила ќерката со пречки во развој да се грижи за браќата и сестрите

На самохрана мајка ѝ се заканува затвор: Ја оставила ќерката со пречки во развој да се грижи за браќата и сестрите

Објавена во: Живот // Живот

Мелиса Хендерсон од Џорџија е самохрана мајка на пет деца на која ѝ се заканува затворска казна. Таа е обвинета за несовесно однесување откако ја оставила својата 14-годишна ќерка Линли да се грижи за нејзините помали сестри и браќа.

Инаку, Линли е дете со посебни потреби и боледува од нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание. Одлуката некои посочуваат дека е неодговорна, додека други тврдат дека тоа се едноставно постапки на очајните мајки или можеби недостаток на социјални услуги во заедницата...

Работите дошле до израз кога едно од децата, односно 4-годишното момче Тадеј, се искрал од домот, бидејќи надвор го видел својот другар.

Линли забележала дека нејзиниот помал брат исчезнал и според зборовите на семејството, во рок од 10-15 минути го пронашла во домот на неговиот другар.


Во меѓувреме, соседката, која го видела Тадеј сам на улица, повикала полиција, а Хендерсон е уапсена пред нејзините деца, две недели подоцна.

Доколку биде прогласена за виновна, на Хендерсон ѝ се заканува минимална казна од една година затвор и парична казна од 900 евра.

Полицаецот во своето известување за апсењето напишал дека Тадеј бил изложен на голема опасност, вклучувајќи киднапирање и газење со автомобил.

„Едвај можам да најдам зборови за тоа колку мизерно се чувствував поради тоа, дека навистина во дноото на срцето чувствувам дека, ако сум нешто, тоа е добра мајка и сѐ што правам е за своите деца. Не можам да сфатам зошто отидоа до таа мера, што ми ставија лисици пред нив“ - изјавила Мелиса.

Кривичната постапка трае две години, бидејќи нејзиниот адвокат Дејвид Де Лугас тврди дека обвинението е спротивно на уставот и бара да се отфрли.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: