На скијање со тета и тетин: Луција ужива покрај Каролина и Михаил
Како и во многу наврати на својот „Инстаграм“ профил, пејачката Каролина Гочева покажува дека омилени личности во животот ѝ се двете внуки Луција и Инес, кои се ќерки на нејзината сестра Сандра Гочева- Јерчиќ.
Обично таа споделува слики од домашните дружби, но овој пат е малку поинаку. Малата Инес остана дома, а тета Каролина сподели Инста сториња, на кои само Луција ужива на планина покрај својата тетка и тетин, Михаил Корубин.
Имено, ова не е првпат тета и тетин да шетаат и уживаат со своите внуки. Минатото лето Луција, заедно со Инес имаше авантуристички летен одмор кој го организираа Каролина и Михаил.