На урнебесен начин ја решаваат разликата во висината: Том Холанд и Зендаја со интересна демонстрација

На урнебесен начин ја решаваат разликата во висината: Том Холанд и Зендаја со интересна демонстрација

Објавена во: Stars // Филм

Зендаја е можеби малку повисока од своето момче Том Холанд, но тоа е проблем само кога се на работа. Двете млади ѕвезди на филмот „The Spider-Man: No Way Home“ се појавија во емисијата на Греам Нортон, каде ја раскажаа урнебесната приказна за тоа како една акробација станала покомпилицирана поради нивната разлика во висината.

Зендаја сподели дека сцената - која симулира слетување на двојката на мост - требало да се заврши така што Том (Спајдермен) нежно ја спушта. Меѓутоа, поради нејзините долги нозе, актерката е таа која прва слетува. „Би слетала пред него“ - му кажа на водителот, додека Тим се смешкаше покрај неа. „Јас сум суперхерој, би требало да изгледам кул. Ќе слетав и ќе ми се нишаа нозете, а потоа таа ќе ме фатеше“ - додаде актерот. Како приказната да не е доволно урнебесна самата по себе, двојката стана и демонстрираше, оставајќи го Спајдермен со едната нога потпрена на раката на неговата девојка.

Додека за Зендаја и Том, кои ова лето ја потврдија својата романса, разликата во висината воглавно не е проблем, постои една работа во настапот на нејзнито момче, од која се плаши актерката: „Тоа е едно парче и под него се наоѓа кацига“ - објасни за оделото пајак на Том. „Секогаш има страв дека ако тој навистина работи напорно или нешто се случува дека мора сам да го отстрани, како? Како ќе го извлече?“ - додавајќи дека тоа е искрена грижа и дека понекогаш се случува кога го гледа да се уплаши.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: