Начини на кои тој вели „Те сакам“, дури и кога не ги изговара тие два збора

Начини на кои тој вели „Те сакам“, дури и кога не ги изговара тие два збора

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Работите е невозможно да се генерализираат и секоја врска се разликува...

Те сакам. Два збора околу кои се врти целиот свет. Некој ги изговара со леснотија, по само неколку состаноци. Од друга страна, некој не може преку усните да ги искаже тие седум букви ниту по една година врска. Работите е невозможно да се генерализираат и секоја врска се разликува, но најголем број од момчињата се во состојба љубовта да ја покажат преку дела, отколку да ја искажат со зборови.

Затоа, добро обрни внимание. Доколку твојот партнер прави некоја од следните работи, тоа е сигурен знак дека те сака, а сето тоа е многу потешко да се направи отколку да се изговори ТЕ САКАМ.

Секој може да ти каже дека те сака, дури иако не го чувствува тоа, но доколку твојот партнер прави некои од овие работи добро чувај го крај себе.

Мажите се познати по тоа дека не се врзуваат лесно и обично се исплашени од планирањето на заедничка иднина. Затоа немој од него да очекуваш да зборува со тебе за деца и избор на локација за вашата венчавка.

Добар знак е и тоа што купил карти за концерт кој ќе се одржи за еден месец или два.

Истото важи и кога без прашање во клубот ќе ти донесе пијалок и тој да биде баш оној кој си сакала да го порачаш. 

Или кога се обидува да те развесели тогаш кога си очигледно нервозна. Не се истурај на него, туку подари му ја таа насмевка во која е заљубен.

Цената на подарокот не ја одредува љубовта која тој ја чувствува кон тебе. Скапоцениот часовник вреди повеќе отколку илјадници чоколадни банани, но часовникот најверојатно му го одбрала девојката која работи во продавницата. Чоколадната банана ја здогледал покрај каса и се сетил колку ја сакаш.

Знаеш дека те сака тогаш кога не го проверува својот телефон додека седите заедно.

Знаеш дека те сака тогаш кога ќе зготви нешто за тебе (дури и кога не е некој готвач).

Знаеш дека те сака тогаш кога ќе ти ја напише најглупавата работа на светот, бидејќи сака да започне конверзација со тебе или едноставно чувствува потреба сето тоа да го сподели со тебе.

Знаеш дека те сака тогаш кога испрашува за твоите пријателки, бидејќи сака да знае многу за тебе.

Знаеш дека те сака тогаш кога не е љубоморен на другите мажи кои ти се пријатели, туку се обидува да се спријатели со нив. 

Знаеш дека те сака тогаш кога зборува за своето семејство или пријатели, бидејќи сака да знаеш нешто за нив пред да ги запознаеш.

Знаеш дека те сака тогаш кога ќе ги запознаеш и кога ќе видиш дека ти се наклонети, бидејќи има кажувал само убави работи за тебе,

Знаеш дека те сака тогаш кога ќе закаже точен датум за следниот состанок наместо општо да каже дека ќе се видат наскоро.

Знаеш дека те сака тогаш кога во разговор ќе спомене ситница која си му ја кажала некогаш за себе, па макар да станува збор и за спорт кој си го тренирала како дете.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: