Најчудните 9 работи од цртаните на Дизни кои никако немаат смисла: Ги имате ли забележано?
Како овие работи не ни паднале во око досега?
Кога ги гледаме филмовите на Дизни и анимираните филмови, не ги доживуваме толку многу деталите додека сме деца, но како што растеме сè повеќе сфаќаме колку нелогичности се кријат во нив. Ова се 9 - те најчудни нешто што ретко кој ги забележал досега.
# Исчезнува сè освен стаклените чевли
Во цртаниот филм „Пепелашка“, постои една ситуација што нема многу смисла, а тоа е стаклениот чевел што Пепелашка го губи на полноќ. Заради магијата, сè што создаде добрата самовила, од кочијата до фустанот што го носеше Пепелашка, сè исчезнува. Сè, освен стаклени чевли. Постојат различни верзии на Пепелашка, но во онаа што ја гледавме, на Пепелашка и останува еден стаклен чевел, а другиот му помага на принцот да ја пронајде. Но, ако сè друго создадено од добра самовила исчезна, како не исчезнаа и чевлите?
# Проблем со годините
Во „Малата сирена“, поточно во верзијата која има среќен крај, каде таа и принцот Ерик завршуваат заедно и се венчаат. Преслатко! Но, ако се вратите на приказната и дознаете колку години има Ариел, тоа воопшто не изгледа нормално. Таа има само 16 години и се мажи за момче кое едвај го познава.
# Нагласокот на Тарзан
И во овој цртан филм има тотално чудна нелогичност. Низ целата приказна знаеме дека Џејн и нејзиното семејство се од Лондон, Велика Британија. Тие се оние кои го учат Тарзан на англиски јазик, а ние знаеме дека британскиот англиски е специфичен затоа што луѓето од таму имаат силен акцент. Невозможно е да не препознаете некој од САД и некој од Велика Британија кога зборуваат англиски. Но, и покрај тоа што Тарзан го учеа Британци англиски јазик, тој некако има американски акцент.
# Снежана и нејзините чудни размислувања
Ние ја сакаме Снежана, но едно нешто збунува. Бегајќи од злобната кралица која сака да ја убие, таа налетува на колиба среде шумата. Оди да види дали има некој таму. Сосема нормално. Но, тогаш - започнува лудилото. Иако нема никој и таа не знае кој живее таму, првото нешто што ќе го стори е чистењето на колибата.
# Зошто никој не ѝ кажал на Аурора за клетвата?
Во „Заспаната убавица“, злобната кралица ја проколнува Аурора при нејзиното раѓање со многу специфична клетва - дека на нејзиниот 16-ти роденден ќе се боцне на вретено и ќе умре. Се појавуваат две прашања. Сите ја чуваа Аурора најдобро што можеа за да ја избегне таа судбина, дури и нејзиниот татко ги уништи сите машини за ткаење, но зошто никој не ѝ кажа за тоа? Ако не порано, барем на 16-тиот роденден? Можела да внимава и самата таа. Второто прашање е: ако кралицата веќе има толку злобни моќи, зошто да чека до нејзиниот 16 - ти роденден, зошто не се ослободи од неа порано и на некој позлобен начин?
# Добрата вила можела да ѝ помогне на Пепелашка на подобар начин
Наместо да ѝ помогне на начин што ќе ѝ даде подобар дом или да ѝ помогне на кој било друг начин, додека нејзината маќеа ја експлоатира, се појавува добрата самовила која ќе ѝ подари нежен фустан, затоа што тоа е најголемиот проблем со Пепелашка.
# Бакнувањето на непознати луѓе додека спијат е романтично?
Дизни во неколку филмови има ситуации кога тотално непознати мажи се бакнуваат со девојки што спијат. Има толку многу проблеми во ова. Во „Заспаната убавица“, обидот да се ублажи проклетството заврши со тоа што некој мораше да ја бакне Аурора додека спие, и не секој, туку тоа мора да биде вистинската личност. Па со тоа во ред е 1000 карактери да ја бакнуваат додека спие? Ликови што не ги знае! И тука е Снежана. Принцот во овој филм требаше да бакне непозната девојка за која се верува дека е мртва. Не изгледа многу романтично.
# Зошто Ариел не комуницирала со Ерик преку пишување?
Уште една чудна ситуација од „Малата сирена“ е комуникацијата помеѓу Ариел и Ерик. Иако го губи својот глас и не може да зборува, може да чита и да пишува, што беше прикажано. Можеше да земе парче хартија и да му ја објасни ситуацијата кога истата стана критична.
# Скар чекал со години за да стане злобен
Скар толку многу сакаше да стане крал што беше подготвен да ги убие членовите на неговото семејство само за да дојде на престолот. Пред да се роди Симба, единствениот лав што стоеше помеѓу него и кралската позиција беше Муфаса, па зошто не го уби веднаш, кога тоа не беше таков проблем за него? Како да чекаше со години за да стане злобен. Кога се роди Симба, тој одлучи, сега ќе започнам.