Најдобрите модни влогерки кои мора да ги следиш!

Најдобрите модни влогерки кои мора да ги следиш!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сакаш да се шминкаш, голема љубителка си на модата, но некогаш немаш идеја што да облечеш или како најдобро да ја нанесеш маскарата? Ние ти нудиме едноставно решение - туторијали на Јутјуб од најдобрите модни влогерки во мементов. Ако досега не си погледнала ниту едно видео од овие девојки време е да влезеш во нивниот свет...

Бетани Мота

Мота има преку 10 милиони следнебици на Јутјуб. На нејзиниот канал ќе пронајдеш модни совети и „направи сам“ туторијали. Таа неретко, освен за модата, дава и најразлични совети и за секојдневните проблеми.

Зоела

Зоела ја обожава модата и снима туторијали кои вклучуваат предизвици за шминкање, модни совети и совети за здрава коса. Понекогаш во нејзините видеа се појавува и некој од нејзините фанови, кои се повеќе од 11 милиони.

Рej

Многумина велат дека оваа влогерка многу наликува на Ники Минаж. На нејзиниот канал може да се пронајдат разни туторијали од типот на „направи сам“, совети за фризури и модни совети со кои ќе заштедиш многу пари. 

Семи (Саманта Марија)

Ако го посетите нејзиниот канал на Јутјуб подгответе се за одлични туторијали за коса и шминка. Таа е навистина единствена и инспиративна влогерка која обожава предизвици и од која може многу да научите за модата и шминката.

Алба (SunKissAlba)

Оваа влогерка најчесто се занимава совети за здрава и убава коса, а особено се фокусира на кадравите коси и природната убавина. Ако си заинтересирана за природната и здрава нега тогаш ова е совршен Јутјуб канал за тебе.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: