Најдоброто во учењето е тоа што никој не може да ти го одземе: Пере Нокаут ѝ посака среќни средношколски денови на ќерката Каја
Фронтменот на групата „Нокаут“, Никола Перевски - Пере е горд татко на трите ќерки Миа, Каја и Софиа.
Дека Пере е внимателен татко и дека на своите три ќерки им дава еднаква љубов говорат и фотографиите кои тој ги споделува на социјалните мрежи. Па, така овојпат Пере ѝ посака среќни средношколски денови и години на ќерката Каја.
- Kaja…cледи ја твојата страст, тоа ке те доведе до твојата цел, инаку cоновите нема да работат доколку тоа не го направиш. Најдоброто нешто во учењето е тоа што никој не може да ти го одземе. Разликата помеѓу училиштето и животот е таа што на училиште научуваш лекција, а потоа положуваш тест. Во животот си добила тест кој те учи на лекција.
Среќни средношколски денови и години Каја. Најдоброто допрва доаѓа Те сака татко твој! - напиша гордиот татко покрај фотографиите од Каја.
Инаку семејството Перевски стана богато за уште еден член, третата ќерка Софиа се роди пред две години.