Најдов мир на другата страна: Насетил ли Матеј нешто со овие стихови?
На социјалната мрежа Инстаграм се појави видео од Матеј Периш, кое е направено во летото 2019 година на еден брод, на кој момчето од Сплит ги пее, според некои судбоносните стихови од песната „Среќа“.
Откако се појави ова видео, многумина се запрашаа дали песната на Оливер Драгојевиќ и Џибони, кој Матеј велесело ја пее, всушност била почеток.
Извор за Курир вели дека сите биле потресени со песната која Матеј ја пеел.
„Матеј го нема повеќе од еден месец, а стиховите зборуваат дека „среќата ја нашол на другата страна“. Како кутриот да насетувал дека ќе исчезне. Ако песната се слушне добро, може да се добие впечаток дека пејачот зборува за заминувањето на другата страна од животот, односно, на заминувањето од земниот живот.
Сите се надвор себе од грижа, а ваквите видеа разтажуваат дополнително, бидејќи се гледа дека Матеј таков каков што е бил весел, безгрижен, насмеан и секогаш подготвен за песна и дружење. Цел Балкан и понатаму е на нозе, сите се молат да се појави од некаде, иако шансите со секој нов ден сѐ се помали.“